X
 10.07.2023 Живот

Емотиконот за лајк му донесе казна од 62.000 долари на канадски фармер

Канадски фармер морал да плати речиси 62.000 долари отштета поради погрешно сфаќање на емотиконот за лајк. Судија од Саскачеван пресудил дека сликата со лајк е доволна за прифаќање на договорените услови.

Крис Ахтер, сопственик на фармерската компанија „Свифт Курент“, испратил емотикон со лајк како одговор на фотографијата од договорот за купување лен, испратена до него од купувач во 2021 година.

Неколку месеци подоцна, кога дошло времето за испорака, купувачот не го добил ленот. Така почнал спорот што довел до потрага по откривање на значењето на лајкот.

Купувачот тврдел дека емотиконот подразбира прифаќање на договорените услови, додека Ахтер вели дека го искористил емотиконот за да потврди дека го добил договорот, но не и за да покаже дека се согласува.

- Задоволен сум од билансот на веројатности дека Крис го одборил договорот како што го правел и претходно, само овој пат тој искористил емотикон со лајк. Според моето мислење, барањето за потпис беше пополнето со емотикон што потекнува од Крис и беше испратено токму од неговиот мобилен телефон - изјави судијата Т.Џ. Кин.

Извор: Reuters.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот