X
 06.05.2021 Забава

Земјоделец случајно ја поместил границата помеѓу Франција и Белгија

Земјоделец од Белгија ненамерно ја сменил границата на државата со Франција. Ова било откриено од локален жител, кој забележал дека каменот што ја означувал границата меѓу двете земји бил поместен за 2,29 метра.

Белгискиот земјоделец го поместил каменот во француска територија бидејќи му пречел додека работел со тракторот.

Границата помеѓу Франција и Белгија е долга 620 километри, а каменот кој го поместил земјоделецот бил поставен во 1819 година. Градоначалниците на градовите од двете страни на границата се шегувале за инцидентот.

Белгиските власти планираат да стапат во контакт со земјоделецот и да го замолат да го врати каменот на старата локација. Доколку тоа не се случи, белгиското министерство за надворешни работи би требало да ја повика граничната комисија, која не била активна од 1930 година.

Земјоделецот може да добие тужба доколку не го помести каменот.

Извор: bbc.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава