Наскоро на пазарот ќе се појави емотикон кој ќе нѐ претставува сите нас - уморно лице со темни кругови под очите!
Тоа е еден од осумте нови емотикони што ќе дојдат на паметните телефони и компјутери следната година - зеленчук, харфа, дрво без лисја, отпечаток од прст, лопата, виолетова дамка и знаме за оддалечен англиски остров.
„Емоџипедија“, популарна референтна страница за емотикони, објавила примерок од слики пред неколку месеци. Неодамна, „Уникоуд консортиум“, непрофитна организација која ги надгледува глобалните стандарди за емотикони и новите изданија, одобрила нова линија на емотикони.
Корисниците на паметни телефони може да почнат да ги користат новите емотикони на „различни дигитални уреди во текот на следните неколку месеци и во 2025 година“, според „Емоџипедија“.
Исцрпеното лице ја имаше честа да ја освои титулата „најочекуван емотикон“ на Светските награди за емотикони, со тоа што доби повеќе од 60 отсто од гласовите. Виолетовата дамка и лопатата ги зазедоа второто и третото место, соодветно.
Дрвото без лисја треба да ја подигне свеста за сушата и климатските промени, според Брајан Баихаки, кој го поднел емотиконот до „Уникод консортиум“.
Извор: bajtbox.com
Фото: Freepik