Додека во кинематографијата не може да се замисли филм без во него да се слушне барем една пцост, постои еден филм со кој пораснаа многу луѓе, а во него не се наоѓа ниту еден вулгарен збор.
Познатиот филм „Лаење на ѕвездите“ бил напишан од Милован Витезовиќ, како и многу други домашни остварувања. Филмот бил првпат прикажан во 1998 година, а публиката била воодушевена од хуморот кој доста се разликувал од останатите филмови снимени во тој период.
Иако истоимениот роман бил напишан во 60-тите години на минатиот век, Здравко Шотри 40 години подоцна го искористил токму овој
роман како инспирација да ги собере најдобрите српски глумци и да сними ремек-дело - сето тоа без пцости.