Новата акциона комедија на „Нетфликс“, „Унијата“ (англ. The Union), се искачи на првото место на најгледан филм, што е во целосна спротивност со критиките на критичарите и на гледачите.
Од неговото прикажување на 16 август, филмот се наоѓа на врвот на глобалната топ-листа со 10 најгледани филма со 60 милиони часа гледаност.
Главни актери во филмот се Марк Волберг како Мајк, градежен работник во Њу Џерси кој влеза во светот на супершпиони откако неговата љубов од средношколските денови Роксана (Хали Бери) му бара помош за разузнавачка мисија.
Филмот доби претежно негативни критики од гледачите, а само малцинство го сметаше за забавен.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube