X
 15.05.2018 Култура

„Зелена милја“ или патеката на смртта - незаборавен филм за гревот и покајувањето

„Зелена милја“ е филм за спознавањето на гревот и покајувањето, последниот чекор пред правдата. Додека многу луѓе чекореле кон електричниот стол, во нивните очи се гледал стравот и се слушал повикот за помош на оние што знаеја дека повеќе нема да живеат.

Пол Еџекомб, во еден од многубројните изливи на злоба, на Перси Витмур му вели дека само по себе е тешко што сите осудени го чекаат извршувањето на смртната казна, па тогаш зошто дополнително им отежнуваат? Некој што се наоѓа во блокот Е знае што го чека, а супериорноста на Перси е јасно забележана со зборовите „мртовец што оди“, што воопшто не охрабрува.

zelena

Но кога некој е осуден на смрт, тоа значи дека дефинитивно е виновен и кон него можеме да се однесуваме онака како што заслужил. Пол Еџекомб се запраша што има во главата на сите тие луѓе, дали се свесни за своето дело и дали се каат поради него.

Самиот факт што во блокот Е се наоѓаат убијците често се заборава. Сите овие луѓе би можеле да бидат обични граѓани и добри пријатели. Понекогаш изгледа како Перси да треба да биде во една од тие ќелии, а не Едуар Делакро или Џон Кофи.

Сепак, тој  е слободен, а тие осудени, а и обајцата имаат многу повеќе сочувство и хуманост од него. Перси Витмур се обидува да убие глушец, психички ги злоупотребува осудениците и сака да им го загорчи животот. Вистина е дека Едуар Делакро убил седуммина, но никој нема желба да го претепа него, туку Перси. Се чини дека нема ни трага човечност во него, а тоа да не е поврзано со фактот дека работи во затвор каде што се спроведува смртната казна.

И додека работи на вакво место, кај Перси се појавува садистички порив, Пол Едџекбом му дава рака на Џон Кофи, кој се плаши од мракот. Неговата казна во поголемиот дел се состои во тоа што е „монструозно огромен“ Афроамериканец, а уште помала улога има убиството на две девојчиња.

„Беше посилно од мене, газда. Се обидов да го поправам, но беше предоцна“.

Можеби Пол се покајал поради ракувањето со чудовиштето кое се обиде да ги поправи работите по убиството. Но кога „поправањето“ го почувствува на своја кожа, сфати дека ваквите зборови секогаш се погрешно протолкувани. Со тоа, сфати дека и светлината се плаши од мракот. Во сечија свест се крие дури и најмалиот сомнеж - што ако некој не заслужил да ја прошета Зелената милја?

Фактот дека Џон Кофи покажа дека не е виновен за убиството не го промени текот на случувањата. Дали во него може да се забележи мотив на светската болка? Светската болка ја симболизира неможноста да се промени светот, добрината да го победи исконското зло, со што личноста тоне во разочараност и безнадежност.

- Јас сум до гуша уморен, газда, од болката што ја слушам и чувствувам. И уморен сум од животот на улица, како врапче на дожд. И никогаш немам пријател да ми каже од каде доаѓаме, каде одиме или зошто. Уморен сум од луѓето, кои лошо се однесуваат едни кон други. И уморен сум од тоа колку пати сакав да помогнам, а не можев. Уморен од животот во мрак. И сето тоа е болка. Премногу. Да можев да го прекинам тоа, би го прекинал. Но не можам.

Џон Кофи не сакаше да се брани и не сакаше да живее. Ја задоволи космичката правда и од негов агол, светот е само голем кафез во кој е заробен и сака да побегне. Смртта е единствен спас од злото што го опкружува, а пред кое е немоќен.

Тој е вистинско олицетворение на добрината што дава сè, а не бара ништо за возврат, подготвен е да го жртвува животот поради вината на друг бидејќи не успеал да спаси нешто што другите го уништиле. Јасно разликува што е добро, а што лошо, но проблемот настанува кога другите не умеат да го направат тоа. Затоа Џон се одлучува да ја „прошета“ Зелената милја.

Правдата ќе биде задоволена, иако е многу блиска до одмаздата, ќе врескаат од болка мајките на убиените девојчиња, тој ќе го пронајде својот пат до покајанието и сè ќе биде готово.

За некој животот е товар што мора да се носи на рамена додека не потклекне пред темнината што го опкружува. Ќе се појави светлината на платното каде што двајца ќе почнат да танцуваат, а солзите ќе бидат заменети со солзи радосници. И тоа ќе биде единствената желба, единствената среќа што Зелената милја не може да ја украде. Сè друго е само мир.

„Рај, јас сум во рајот,
а моето срце чука така што тешко можам да зборувам
и се чини дека ја пронајдов среќата што ја барав
кога двајцата танцуваме еден до друг“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура