X
 10.08.2017 Култура

Воспитајте паметно, културно и способно дете: еве како Евреите го постигнуваат тоа

Не постои родител кој не сонува неговото дете да биде паметно, фино, културно, способно... Со еден збор, генијално дете.

Сепак, и покрај многуте прирачници и совети, не постои волшебна формула за воспитување такво дете. Но, некои успеваат и во тоа!

Еврејките не се обраќаат на родителски форуми, ниту пак се служат со психолошки тестови, а нивните деца главно се вистински мали гении! Ова се десетте клучни правила за воспитување на децата што ги користат Евреите:

1. Наградете ја самостојноста на детето

Просечните родители се убедени дека децата можат да успеат во животот ако веруваат дека можат сè да постигнат. Во еврејските семејства е сосема вообичаено да видите едногодишно дете како самото јаде шницла. Тоа е така затоа што Евреите им дозволуваат на децата сè да работат сами штом физички ќе станат способни за тоа.

2. Сè е тешко додека не стане лесно


За да станат независни, децата треба да се насочуваат кон нови знаења. Ако детето почне со некакво хоби, родителите треба да го поддржат и да го охрабрат. Ако нешто не му оди како што треба, Евреите му велат дека секој почеток е тежок, а не дека тоа е мало и неспособно за тоа.

3. Довербата е најдобра награда

Треба ли да се наградат ваквите напори? Да, но не со слатки! Во еврејските семејства детето се наградува со доверба. Ако им е доверена некоја задача со голема доверба, децата ќе се обидат сè да направат како што треба.

4. Не е сè во изгледот

Кога европските мајки би виделе како еврејските деца изгледаат кога се излезени на прошетка, би полуделе. Тие честопати се извалкани со кал, прстите им се лепливи, колената прашливи, а на облеката недостигаат копчиња... Евреите сметаат дека за личниот развој на децата бескорисно е постојано да им се наметнуваат правила дека треба секогаш да имаат чиста облека, па така, меѓу другото, ги учат дека не е сè во изгледот и убавината.

5. Прифаќање на неуредноста

Еврејските деца честопати се опкружени со хаос, што на нивните родители не им смета. Тие размислуваат вака – ако детето е неуредно, кога тие би ги средиле сите работи, детето повторно би ги расфрлило. Наместо да се жалат на несредените соби, Евреите на децата им дозволуваат да живеат онака како што им е удобно, но сепак им објаснуваат дека уредноста е важна работа.

6. Целата енергија се троши

Родителите често се чувствуваат исцрпени само кога ќе погледнат како се однесуваат децата на Евреите. Тие цел ден го поминуваат трчајќи наоколу, а никој не им довикнува: „Не качувај се таму!“, „Не допирај го тоа“ или „Смири се“. Родителите на овие енергични деца сметаат дека е важно децата да ја исфрлат надвор акумулираната енергија, особено додека се мали. Така, кога ќе пораснат, тие би имале повеќе самодоверба и би биле поупорни во постигнувањето на своите цели.

7. Мудра слобода

На еврејските деца навистина им се дозволуваат многу работи. На пример, цртањето по ѕидовите дома се смета за знак дека детето има талент за цртање. Сепак, постои една граница што не смеат да ја преминат, а тоа е непочитувањето на семејството. За тоа казните навистина им се многу строги.

8. Таткото е главен, но и мајката исто така

Почитувањето на родителите се всадува уште од најрана возраст. Секое дете во еврејското семејство знае дека родителите се главни, а она што тие го работат има помало значење. Но, токму поради тоа тие никогаш не зависат од родителите и не бараат од нив да направат нешто наместо нив, туку сè работат сами.

9. Детска самоконтрола


Во еврејските семејства децата не се казнуваат на начин да им се одземе нешто. Напротив, кај нив постојат правила на одредени бенефити за правилни постапки. Детето не се учи низ разни казни и рестрикции, туку учи како да го поправи своето однесување за сопствено добро.

10. Ништо не поминува незабележано

Модерните психолози советуваат да не ги фалите децата за секоја чкртаница што ќе ја нацртаат. Евреите се уверени дека секое постигнување треба да се награди. Кога мајката Еврејка ќе добие од своето дете салфетка со чкртаници, таа веднаш ќе изнајде начин како со гордост да им го покаже на останатите членови на семејството „ремек-делото“ на своето дете.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура