X
 14.04.2016 Живот

Формулата на Ворен Бафет - Како да бидете попаметни?

ворен

 

„Најдоброто нешто што човек може да го направи е да му помогне на друго човечко суштество да научи повеќе“ - Чарли Мангер


„Оди во кревет попаметен отколку кога ќе се разбудиш“ - Чарли Мангер.

Голем број луѓе го живеат животот без да станат попаметни. Зошто? Едноставно затоа што не ја извршуваат потребната работа. Лесно е да си дојдете дома, да седнете на каучот, да пуштите телевизија и да гледате се` додека не дојде време за легнување. Тоа воопшто нема да ви помогне да станете попаметни.

Секако дека можете да одите на работа наредниот ден и да ги дискутирате деталите од синоќешната епизода на „Mad men“ или „Game of thrones“. Но тоа не е знаење.

Можете да се здобиете со знаење доколку тоа го сакате. Всушност, има едноставна формула која доколку е правилно проследена речиси сигурно ќе ве направи попаметни со текот на времето. Едноставно но не е лесно бидејќи вклучува доста напорна работа.

Формулата се нарекува формула на Бафет, именувана според Ворен Бафет и неговиот долгогодишен бизнис партнер на „Berkshire Hathaway“, Чарли Мангер. Ворен и Чарли се извонредна комбинација на умови и претставуваат вистински машини за учење.

„Јас можам да гледам, тој може да слуша. Ние сме одлична комбинација“, вели Ворен Бафет.

Можеме да научиме доста многу од нив. Тие не станаа паметни бидејќи и двата се милијардери. Всушност, тие станале милијардери бидејќи се паметни. И уште поважно, тие и понатаму го зголемуваат нивното знаење.

Како да станете попаметни?

Читајте. Многу.

Ворен Бафет вели: „Седнувам во канцеларијата и цел ден читам“. Што ова значи? Тој проценува дека троши 80% од своето време на работа во читање и размислување.

Кога го прашале како човек да стане попаметен, Бафет еднаш изјави: Читајте 500 страни секој ден. На тој начин се гради знаењето“.

Но важен е и начинот на кој читате. Мора секогаш да бидете критички настроени и секогаш да размислувате. Мора да извршувате ментална работа за да имате одредено мислење.

Континуирано учење

„Мислам дека не постојат други бизнис партнери подобри во континуираното учење од нас“, вели Чарли. „Ако не учевме континуирано, немаше да имаме толку добри резултати.

„Но, не го читаме мислењето на другите луѓе. Ние сакаме да стигнеме до фактите и потоа да размислуваме“, додава Бафет.

Мангер го гледа неговото акумулирање на знаењето како стекнато а не природно генијално.

„Ниту јас ниту Ворен не сме доволно паметни да донесуваме одлуку без да размислуваме. Ние правиме вистински одлуки доста брзо, меѓутоа само затоа што сме поминале доста време подготвувајќи се себеси тивко седејќи, читајќи и размислувајќи“, вели Мангер.

Како да пронајдете време да читате?

Потребно е време и енергија за читање. Еден начин е да издвоите еден час во денот за да читате.

Но, читањето не е доволно. Како што вели Чарли: „Ние читаме многу. Не познавам никој мудар кој не чита многу. Но тоа не е доволно. Мора да имаш темперамент за да ги грабнеш идеите и да направиш разумни работи. Повеќето луѓе не знаат што да прават со нивните идеи“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот