Децата не се единствените кои кажуваат лаги - родителите постојано им кажуваат лаги - „Дедо Мраз носи подароци“, „Ќе дојди чичко полицаец и ќе те казни“ и слично. Децата ги забележуваат овие работи и ги повторуваат. Детето чиј родител лаже, и тоа ќе лаже бидејќи го гледа како прифатливо објаснување.
Лажат за да не нè разочараат
Вашето дете ве сака и сака да го сакате. Тие може да мислат дека со добивањето единица на тестот по математика вие помалку ќе ги сакате и затоа тие ќе го скријат или фрлат за да не го видите. Кога ќе прашате за тестот, може да добиете само: „Добро поминав“. Лажат бидејќи не сакаат да бидете разочарани од нив.
Лажат за да избегнат казна
Никој не сака да биде казнет. Нема ТВ цела недела, нема компјутер, нема плејстејшн или нешто полошо. Ако направат нешто што не е во ред, тие ќе се обидат да се извлечат од ситуацијата само за да не бидат казнети и да не се соочат со последиците од ситуацијата.
Лажат за да заштитат некој
Иако помалите деца имаат обичај да го „издадат“ пријателот, семејството или било кое друго дете кое ќе го видат како прави нешто погрешно, постарите деца лажат за да ги заштитат пријателите да не бидат казнети. Ова однесување не го гледаат како погрешно ако штитат некој да не западне во неволја.
Како можете да го спречите детето да не лаже?
Дајте му на вашето дете подобра шанса за поздрава и посреќна иднина искоренувајќи ја нивната навика за лажење.
Станете добар пример
Започнете со тоа што ќе бидете добар пример. Престанете да лажете, и дозволете искреноста да биде најдобрата политика во вашето семејство.
Дајте им до знаење дека лажењето е погрешно
Малите деца не знаат дека лажењето е погрешно бидејќи го гледаат дома или на училиште. И тие се бомбардирани од реклами кои ветуваат подобри животи и среќа ако се користат одредени производи. Седнете и разговарајте со нив за тоа како лажењето влијае врз животите и зошто искреноста е важна за сите.
Создадете пријатна атмосфера во домот
Безбедноста во домот е навистина важна за развивање на взаемна доверба. Кога вашето дете ви верува, тогаш мала е веројатноста да лаже. Комуницирајте со него за сите предмети и дајте му до знаење дека со вас можат да разговараат на било која тема.
Не ги казнувајте ако лажат
Треба да знаете дека лажењето не е проблем. Пронајдете ја причината зошто вашето дете почувствувало потреба да лаже. Дали тоа било да заштити некој, дали било бидејќи се плаши да не ве разочара, дали се плаши од казна или нешто друго. Потребно е да им кажете дека искреноста е најдобриот начин за решавање на ситуацијата.
Контролирајте ги вашите реакции
Кога вашето дете ќе каже лага, а вие знаете дека лаже, немојте да дозволите да ве понесат емоциите. Бидете смирени. Контролирајте се. Ако е сериозно и не можете да се воздржите, тогаш заминете и не дискутирајте додека не успеете да ги контролирате емоциите. Кога сте смирени, дајте им можност да ја каже вистината.
Не ги носете во ситуација да лажат
Размислете пред да поставите прашање. Прашањето дали го изнеле ѓубрето може да ги натера на лага. Наместо тоа, речете: „Забележав дека ѓубрето е полно. Што треба да направиме во врска со тоа?“
Дајте им до знаење дека може да се случат грешки
Никој не сака да прави грешки, а сепак сите прават. Луѓето не се совршени. Дајте му до знаење на детето дека единицата на тестот по математика не е крај на светот. Покажете му на детето дека нема потреба да лаже.
Патолошко лажење
Патолошкото лажење или компулсивното
лажење е ментално нарушување понекогаш поврзано со детска траума, како дисфункционално семејство или одредено злоставување, па тие живееле во страв и им бил потребен некаков начин да се заштитат себеси. Некои деца лажат импулсивно и не можат да го контролираат нивното лажење, други сакаат да си создаваат имагинарни пријатели и животи за да ги избегнат сопствените.
Ако не се делува, патолошкото лажење може да стане навика и да излезе од контрола.