Убаво исечена трева, рамен терен, 22 играчи и илјадници навивачи - ова се асоцијациите со кои повеќето луѓе го поврзуваат фудбалскиот стадион. Тогаш, зошто на овој австриски стадион никнала шума?
„За шумата - непрекината привлечност на природата“ го претвори стадионот „Вортози“ во Клагенфурт во најголемата јавна уметничка инсталација.
За овој раскош од природата е одговорен швајцарскиот уметник Клаус Литман. Новата уметничка инсталација беше отворена на 8 септември и инспирирана од повеќе од 30 години стар дистописки цртеж на австрискиот уметник и архитект Макс Пајнтнер. Низ годините цртежот се нашол во над 20 учебници на германски јазик и многу меѓународни публикации.
Како што наведува Литман, целта на инсталацијата е да се промени перцепцијата на луѓето за природата и да ги натера да размислуваат за иднината. Уметникот вели дека сакал на симболичен начин да покаже дека еден ден, ако не внимаваме на природата и шумата, може да се најдеме во слични, посебно дизајнирани простори.
Фото: Christian Bruna
Фото: Maurer Gerhard
Изложбата на Литман делумно е финансирана од „спонзори на дрвја“, кои индивидуално донирале по 5.000 долари.
Додека трае изложбата, австриските
фудбалери ќе играат на друго место, а по завршувањето на изложбата целата шума ќе биде пресадена на локација во близина на стадионот каде што ќе стане „жива шумска скулптура“.
Фото: Mauer Gerhard