X
 10.09.2020 Живот

На местото на експлозијата во Бејрут сега изби голем пожар

На пристаништето во Бејрут, каде што минатиот месец имаше огромна експлозија во која загинаа речиси 200 лица, денес изби пожар, пренесува британски „Индепендент“. Засега не се познати причините за пожарот, но на социјалните мрежи веќе почнаа да се шират снимки.

Душко Ристовски, Македонец во Бејрут, сведочи за смртоносната експлозија: Не знаев што да направам, само силно ги гушкав децата


Минатиот месец во либанската престолнина експлодираа 2.700 тони амониум нитрат. Во експлозијата беа уништени многу згради и десетици илјади лица останаа без покрив над глава.

Извор: Independent
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот