X
 15.11.2015 Политика

Настанот ден пред Париз кој остана скриен од медиумите

Исламската држава ја презела одговорноста за уште еден терористички напад покрај оној во Париз за кој малкумина знаат. Се работи за напад во Бејрут одржан во четвртокот во кој загинале 43 луѓе, а биле ранети над 200. Петокот бил ден на жалост во Либан.


Медиумите низ светот вниманието го свртија кон Париз во текот на викендот, а Бејрут остана затскриен, поради што се огласија многу блогери од тој регион.

Една индиска блогерка напишала статус кој стана популарен преку социјалните мрежи во кој бара поддршка за целиот свет, не само за Париз. Изминатата година, загинале стотици луѓе за време на напад на ИСИС, а оваа година уште стотици во Анкара, Бејрут, а сега и Париз.


Бејрут бил и место на херојска жртва. Се работи за Адел Термос, херојот кој успеал да собори втор бомбаш-самоубиец кој се подготвувал да експлодира и на тој начин спасил стотици семејства во близина. Тој и неговата ќерка не преживеале.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика