Од страв дека нацистичка Германија би можела да биде првата што ќе создаде нуклеарна бомба, САД, заедно со најдобрите физичари и научници од Европа, го започнале тајниот проект „Менхетен“.
Првото тестирање, наречено „Тринити тест“, се одржало на 16 јули 1945 година во Ново Мексико. Само неколку месеци подоцна била употребена атомска бомба за прв и последен пат: на 6 август 1945 година, на Хирошима и три дена подоцна на Нагасаки, кога САД фрлиле прво ураниумски, а потоа и плутониумски експлозивен уред над овие јапонски градови.
Многу брзо во трката се вклучил и СССР, кој развил и го тестирал ова оружје во текот на 1949 година, но во следните години, под притисок на Студената војна со САД, владите на двете земји го користеле атомското оружје како средство за „заплашување“. Во текот на наредните децении повеќе од 2.000 бомби биле активирани за тестирање или демонстрација.
Фото: Screenshot/YouTube