Академијата за филмски уметности и науки во САД воведува нови стандарди за филмовите кои треба да бидат исполнети за да квалификација за „Оскар“ во категоријата за најдобар филм.
Од 2024, ќе бидат номинирани само филмови на кои ќе работат и кои ќе прикажуваат луѓе со повеќе различни особености, односно филмови со повеќе жени, членови на ЛГБТКИ заедницата, лица со физички или когнитивни попречености, вклучувајќи и луѓе кои се глуви или имаат потешкотии со слушањето, и луѓе од различни расни и етички групи.
Фото: Freepik
Промената доаѓа по многубројните критики за недостатокот на разновидност помеѓу номинираните актери за
„Оскар“ и гласачкото тело. Овие промени нема да стапат во сила веднаш, туку во 2024, и се однесуваат само на филмовите кои се квалификуваат за номинација за најдобар филм.
Автор: Стеф Панеказио
Извор:
cnet.com