X
 10.09.2023 Наука

Зошто Хирошима не е нуклеарна пустелија?

Новинарката Јан Морис ја посетила Хирошима во 1959 година, 14 години по уништувањето на градот од атомската бомба фрлена од страна на САД.

- Градот одамна е обновен, а новото население веќе ги замени жртвите од атомската бомба - напишала таа.

И покрај урбаната форма и активностите во Хирошима, новинарката се чувствувала како зградите и градбите сè уште да се поцрнети и да чадат.

Денес Хирошима сè уште е позната по атомската бомба. Но, ако некогаш имате можност да ја посетите Хирошима, веројатно ќе ве изненади колку е жив градот.

Некои би помислиле дека со фрлањето на атомската бомба Хирошима ќе биде срамнета со земјата и повеќе никој не би можел да живее затоа што ќе биде напуштена нуклеарна пустелија. Но, на изненадување на сите, Хирошима не е како Чернобил. Постои разлика помеѓу долгорочните ефекти од нуклеарното уништување на Хирошима и катастрофата на нуклеарната централа Чернобил.

И покрај сето уништување што го предизвикала, бомбата „Мало момче“ била ужасно неефикасна. Од 64 килограми ураниум на бомбата, помалку од еден килограм претрпел фисија. Тоа значи дека секој џул енергија што ја опустоши Хирошима доаѓа од помалку од еден грам материја директно претворена во енергија. Со оглед на тоа што бомбата била детонирана високо во воздухот, а не на земјата, тоа предизвикало релативно мала трајна контаминација.



Извор: Open Culture
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука