Австралија ќе воведе закон кој на работниците ќе им даде право да ги игнорираат повиците и пораките од нивните шефови надвор од работното време, доколку немаат причина да се јават. Оние работодавци што ќе го прекршат правилото ќе мора да платат казни.
Таканареченото „право на исклучување“ е дел од измените на законот кои треба да ги заштитат правата на работниците и да помогнат да се воспостави рамнотежа меѓу работата и приватниот живот.
Повеќето сенатори рекоа дека го поддржуваат нацрт-законот, изјави министерот за вработување Тони Бурк. Се очекува предлог-законот да биде претставен во австралискиот парламент оваа недела.
- Сакаме едноставно да кажеме дека некој што не е платен за работа 24 часа на ден, не треба да биде казнет ако не е онлајн и не е достапен 24 часа на ден - изјави премиерот на Австралија, Ентони Албанес.
Слични закони веќе се во сила во Франција, Шпанија и други земји од Европската Унија.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik