X
 10.10.2019 Образование

Економскиот факултет од Прилеп додели 20 уписнини

Економскиот факултет од Прилеп, единица на УКЛО, додели 20 уписнини за новозапишани студенти во новата академска година, промовирајќи ја заложбата за поддршка на најмладите членови од академската заедница.

Првите 10 уписнини им се врачени на најдобро рангираните бруцоши во академската 2019/2020 година, обезбедени од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Имено, пред стартот на уписната кампања, во рамките на одбележувањето на јубилејот 40 години од основањето, УКЛО обезбеди 110 уписнини за најдобро рангираните бруцоши, по 10 на секоја единица од Универзитетот. Така, за Економскиот факултет во Прилеп се обезбедени 10 уписнини, односно 10. најдобри бруцоши според конкурсните услови се ослободени од плаќање партиципација во првиот семестар од првата година на студирање.

2

Студентите на Економскиот факултет што ги започнаа студиите со ваква бенефиција не го кријат задоволството дека се меѓу бруцошите чиј старт на студиите го одбележува една пријатна поволност и еден вид академска привилегија. По повод пригодата, студентката Христина Нунеска вели дека одлуката да го продолжи своето образование на Економскиот факултет - Прилеп ја направила пред сè затоа што станува збор за респектабилна високообразовна институција со долгогодишна традиција која нуди најсовремени образовни програми од областа на економијата и бизнисот, пренесени од еминентни професори кои се компетентни и стручни во својата област.

3

4

5

- Покрај тоа, факултетот нуди големи можности за нас, студентите, да се вклучиме во различни студентски активности, да реализираме практична работа во голем број компании и да оствариме студентска мобилност на некој од универзитетите во странство. Верувам дека го направив вистинскиот избор и дека ќе се стекнам со соодветното образование и компетенции - вели  Христина Нунеска.

6

7

На настанот беа доделени уште 10 уписнини за академскиот подмладок на Економскиот факултет, обезбедени од бизнис-заедницата, пред сè од компании и фирми со кои Економскиот факултет има воспоставено долгогодишна соработка и остварува успешно поврзување и традиционално негува добри односи со компаниите, како што се: Витаминка, Шпаркасе банка, Комфи Ангел и Дониа. Оваа соработка, според деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, се реализира и со организирање предавања од истакнати експерти од практиката и практична настава за студентите да можат да се стекнат со апликативни знаења и вештини.

Поддршката од бизнис-заедницата, покрај финансиски олеснувања за домашниот буџет за десетте бруцоши номинирани за уписнините, претставува и можност за нивниот професионалниот развој и олеснето поврзување со бизнис-заедницата.

9

10

Плодната и континуирана соработка со бизнис-секторот и обезбедените 10 стипендии, за раководството на Економскиот факултет претставуваат начин да се стимулира студирањето на економските науки и да се нуди конкретна поддршка за студентите, во услови кога општеството има потреба од солидни знаења и создавање стручњаци кои ќе се трансферираат во компаниите и ќе придонесат за развој и просперитет на државата.

11

12

Менаџментот од Економскиот факултет оценува дека ваквите примери претставуваат заедничка инвестиција во студентите, особено затоа што партнерството на академијата со институциите, фирмите и бизнис-компаниите ќе даде конкретни резултати, зашто во центарот на општествената кооперација се најважните чинители, студентите, иднините носители на развојот на државата.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование