Џени Том, од основното училиште Баклбери од Англија, е наставничка која им предава на 10 и 11 годишни ученици. За да им го одвлече вниманието на учениците од претстојните тестови, таа им ја даде најдобрата домашна задача.
Во
писмо, таа ги охрабри тие да го поминат викендот јадејќи сладолед, читајќи книги, гледајќи тв, дружејќи се со пријателите и играјќи надвор. Но, најважно од се` е тоа што таа ги посоветува да не учат.
Џени, која е доста позната по нејзиниот извонреден пристап кон тестовите, на своите ученици им вели: „Ако чувствувате дека морате, можете да повторите, меѓутоа тоа може да го направите максимум еден час“, додавајќи дека токму таа е личноста која треба да се грижи, а не тие.