Поранешниот извршен директор на „Гугл“, Ерик Шмит, сака да помогне во создавањето технолошки талент кој ќе има можност да работи во владата.
Шмит и поранешниот заменик-секретар за одбрана Роберт Вуд ќе основаат технолошки универзитет што би требало да биде конкуренција на добро познатите „Стенфорд“ и Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ).
„Ју-ес диџитал сервис академи“, како што би требало да се вика училиштето, ќе биде насочено на едукација на нови генерации девелопери и програмери за потребите на американската администрација. Универзитетот ќе нуди студии како сајбер-безбедност и вештачка интелигенција за САД да бидат во чекор со другите држави, а најмногу со
Кина.
Традиционално, најдобрите програмери доаѓаат од Институтот за технологија во Масачусетс и „Стенфорд“, но наместо во државните служби, тие заминуваат во приватен сектор каде што платите и бенефициите се подобри. Така, државата останува на цедило, особено кога станува збор за важни работи како што е сајбер-безбедноста.
Фото: Screenshot/YouTube
Шмит и Ворк се надеваат дека нивната академија ќе биде пандан на МИТ и „Стенфорд“ и ќе служи како трет резервоар за најдобрите и најпаметните технолошки работници, кои ќе имаат чувство за државна должност.
Силициумската долина останува центар на технолошката индустрија во САД, со најголемите компании како „Гугл“, „Епл“ и „Фејсбук“. Но, овие компании ја оставија владата на цедило кога станува збор за регрутирање кадри.
Извор:
Business Insider
Фото: Instagram