Знаеме дека Скопје има загаден воздух. Според податоци од извештај за квалитетот на воздухот во 2022 година на швајцарската компанија за квалитет на воздухот „Ај-кју ер“, главниот град на Македонија се наоѓа на 86. место во светот според квалитетот на воздухот со просечна концентрација на ПМ2,5 честички од 26,6 микрограми на кубен метар.
Од земјите во регионот, Белград има просечна концентрација на ПМ2,5 честички од 22,1 микрограми на кубен метар, Приштина 13,7, Сараево 32,4, Софија 19,1, Атина 19,2, Подгорица 11,8, Загреб 22,4, Љубљана 16,2, а Тирана 14,5.
Во извештајот има 116 главни градови од целиот свет. Според него, безбедното ниво на концентрација на ПМ2,5 честички не смее да надминува 5 микрограми на кубен метар.
Визуализација на „Планет аномали“ покажува како стојат главните градови на светот во поглед на загаденоста на воздухот. Најчист воздух има Канбера со 2,8 микрограми ПМ2,5 честички на кубен метар, а најзагаден Нџамена, Чад со 89,7 микрограми ПМ2,5 честички на кубен метар.
Графиконот во поголема резолуција и податоците за сите главни градови можете да ги најдете
овде.
Насловна фотографија: Pixabay