X
 10.11.2017 Наука

Зошто животот после смртта е невозможен?

Дали постои живот после смртта? Прашање што отсекогаш го фасцинирало човекот. Сега еден физичар тврди дека го знае одговорот.

Шон Керол, космолог и професор на Технолошкиот институт во Калифорнија, вели дека за постоење на животот после смртта нашата свест мора да биде целосно одвоена од нашето физичко тело, а не е. Како што вели Керол, свеста е збир на атоми и електрони што ни го даваат умот, а законите на вселената не овозможуваат овие атоми и електрони да продолжат да дејствуваат и после смртта.

„Не постои начин во рамките на физиката информациите што се чуваат во нашиот мозок да траат и после нашата смрт“, вели Керол.

Тој објаснува дека според теоријата на квантните полиња (QTF), за секој вид честичка постои едно поле - сите фотони во вселената се на едно ниво, електроните на друго и така натаму. За животот да продолжи и после смртта, тестовите на квантните полиња би откриле „духовни“ честички и сили, а немаат откриено.

„Ако навистина нема ништо освен атоми и познати сили, тогаш очигледно не постои начин на кој душата би можела да ја преживее смртта. Верувањето во живот после смртта, благо кажано, бара физика надвор од стандардниот модел“, заклучува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука