„Тестовите за интелигенција само мерат колку сте добри во нивно решавање“. Ова е аргументот што речиси секогаш се дава кога се споменува тестирање на нечија интелигенција. Тестот често е промовиран од луѓе со високо образование. Овие луѓе нема да ви кажат дека климатските промени се мит или дека вакцините може да предизвикаат аутизам. Но да се каже дека тестовите за интелигенција се бескорисни е исто толку лошо колку и тврдењата погоре: всушност, голем број истражувања низ децениите укажуваат на тоа дека тестовите за интелигенција се едни од најсигурните и највалидните инструменти во сите психолошки науки.
Што може да ви каже еден тест за интелигенција што се состои од загатки за форми, бесмислени симболи, тестови за меморија и мерење на вокабуларот? Најсилната корелација не изненадува: резултатот за интелигенција дава доста точно предвидување за тоа дали луѓето ќе бидат успешни на училиште. Но ова е само почеток: повисоките IQ резултати даваат предвидувања за професионалниот успех, приходите и подоброто физичко и ментално здравје. Можеби најфрапантно е тоа што IQ тестовите направени во детството ја предвидуваат смртноста. Попаметните луѓе живеат подолго и оваа асоцијација сè уште ја контролира социјалната класа.
Исто така, невролозите и генетичарите постигнале добар напредок во разбирањето на човековата интелигенција. Мета-анализите на стотици истражувања потврдуваат дека луѓето со поголем мозок имаат тенденција да добијат повисоки резултати на IQ тестовите, а истражувањата за поспецифични мозочни региони и карактеристики продолжуваат да се зголемуваат. Од истражувањата направени врз близнаците знаеме дека поените од тестовите за интелигенција се наследни: значителен дел од разликите во интелигенцијата меѓу луѓето се должи на генетиката.
Луѓето прават грешки претпоставувајќи дека интелигенцијата е непроменлива бидејќи е поврзана со генските и нервните карактеристики и поради тоа изгледа доста стабилна низ животот на луѓето. Луѓето сметаат дека поените од тестовите за интелигенција не можат да се променат, осудувајќи ја личноста на посиромашен живот ако е под просекот. Но ова е грешка. Секој човек може да ја подобри својата интелигенција, барем до одреден степен. Друга грешка е тоа што луѓето мислат дека IQ тестовите „сумираат“ каква е една личност. Ова е уште една лага бидејќи сите истражувачи на тестовите за интелигенција лесно ќе прифатат дека личноста, мотивацијата и многу други фактори, вклучувајќи ја и среќата, се клучни за успех во животот.
Тестовите за интелигенција се корисни во широк спектар на ситуации - од образование до медицина. Потребни ни се IQ тестовите за да ни помогнат да разбереме како старее мозокот и како можеме да си помогнеме себеси да старееме здраво. Овие тестови ни се потребни за да можеме да научиме како да ја зајакнеме интелигенцијата на луѓето, а со тоа и да ја зголемиме продуктивноста. Можеби, пред сè, тестовите за интелигенција се една од алатките со кои психолозите можат да ја разберат и да ја
испитаат човечката интелигенција: ние би биле крајно неразумни ако ги игнорираме увидите од нив.