Во германска лабораторија, волонтерите се платени за да го истражуваат еден од најголемите предизвици на патувањето во вселената - да им помогнат на астронаутите да спијат подобро во текот на ноќта.
Фото: Richard Hollingham
Изолирани од надворешниот свет, не знаејќи дали е ден или ноќ живеат и работат дизајнерите на германската вселенска агенција „DLR“. „Envihab“ е совршената средина за научниците и докторите да тестираат колку вселенското летање влијае врз човечкото тело.
Најновиот експеримент вклучува проучување на ефектите од недостатокот на сон - вистински проблем со кој се соочуваат астронаутите на Меѓународната вселенска станица. „Во принцип, тие би можеле да имаат добар осум часовен сон. Меѓутоа повеќето од овие астронаути спијат пет или шест часа и тоа не е доволно“, вели Ева-Марија Елменхорст, која го спроведува истражувањето.
Ние, како обични луѓе обично кога не сме спиеле доволно во текот на ноќта, се потпираме на кофеинот во текот на наредниот ден. Астронаутите, од друга страна, патуваат 27.000 километри на час околу планетата и живеат неколку сантиметри оддалечени од студениот вакуум на вселената. Една погрешна одлука, еден момент на невнимание или губење на концентрацијата, може да значи живот или смрт за самите себеси и останатите членови на екипажот.
Но, добриот сон во вселената не е лесна работа. Астронаутите не спијат на кревети и перници - тие спијат во вреќи за спиење закачени на ѕидот. И тоа не е сè. „Постојат неколку причини поради кои тие не спијат соодветно. Изолацијата, изгрејсонце на секои 90 минути и со системот за вентилација, прилично е бучно на станицата“, вели Елменхорст. Често, астронаутите мораат да работат во смени за да ги надгледуваат експериментите или да го пречекаат вселенскиот брод кој ги снабдува со секакви добра.
Фото: Richard Hollingham
За да испита како недостатокот на сон влијае врз ефикасноста на астронаутите, тимот на Елменхорст подложи групи на платени волонтери на експерименти кои ги лишуваат од сон. „Сакаме да покажеме дека недостигот на сонот влијае врз когнитивната функција, а некои луѓе подобро се справуваат со оваа состојба“.
Како и астронаутите, и таа се надева дека истражувањето ќе има корист за астронаутите и други професии - како што се докторите и сестрите - кои често пати работат прекувремено поради одлуки поврзани со живот или смрт. Само во Германија, Елменхорст вели дека 16% од работниците работат во смени, а многу работници, често пати во критични работни места, спијат помалку од препорачаните осум часа во текот на ноќта.
На волонтерите од експериментот на Елменхорст им биле дадени неколку секојдневни задачи кои требало да ги извршат, вклучувајќи вежби за меморија, тестови за реакција и повторувачки компјутерски игри. Пет ноќи со ред тие смееле да спијат 5 часа во текот на ноќта. После ова следело период на опоравување од осум часа пред тие 38 часа да останат будни.
Докторите ја следеле активноста на мозокот на волонтерите користејќи капи кои содржеле повеќе електроди, им земале примероци од крв и правеле скенирања на MRI.
„Заинтересирани сме за основните механизми во мозокот кои ја контролираат поспаноста. Дури и една ноќ без сон, гледаме хормонски промени во телото“, вели Елменхорст.
Фото: Richard Hollingham
За волонтерите мотивирани со пари, седењето и гледањето телевизија за експериментот било потешко отколку што очекувале. „Да останете будни е тешко. Постојано имаше некој околу нас за да нè спречи да не заспиеме“, вели Лукас, студент кој учествувал во истражувањето.
„Единственото нешто што можевме да го правиме беше да разговараме едни со други, да гледаме ТВ или да играме на лап топ“, вели друг волонтер, Магдалена. „Постојано имаше некој што викаше: „Магдалена, дали си будна? Магдалена, разбуди се!“
За да се осигураат дека волонтерите нема да заспијат, тие постојано биле следени од членови на истражувачкиот тим кој седеа со нив или ги следеле преку монитор. Ако некој волонтер ги затворел очите и така ги држел премногу долго, истражувачот ќе го разбудел.
Како што поминувале деновите, Лукас станал свесен дека неговата меморија и умешност се влошуваат. „Забележав колку лоши резултати имав на тестовите. Сега се обидувам да спијам колку што можам повеќе - нема повеќе учење цела ноќ“, вели тој.
Освен што пронашле очекуван пад на менталните перформанси, истражувачкиот тим открил уште повознемирувачки биолошки промени кај волонтерите. „Покажавме дека пет часа спиење во текот на една ноќ повеќе од пет дена го забавува метаболизмот на гликозата и се случуваат хормонални промени во телото“, вели Елменхорст. Ова е во корелација со истражувањата кои покажуваат дека луѓето кои редовно работат на смени диспропорционално страдаат од дијабетес и висок крвен притисок.
Крајната цел на ова тековно истражување е да развие подобар дневен распоред за астронаутите, кој ќе спречи тие да се премногу уморни. Сè додека долгите мисии станат сè почести и човештвото се движи кон цивилизација во вселената, обезбедувањето на
астронаутите добро да се наспијат ќе стане поважно од било кога.