X
 10.11.2019 Живот

Грција нуди европски пасоши за инвеститорите - потребни ви се „само“ 600.000 евра

За да привлече богати инвеститори и да го забрза економскиот раст на земјата, Грција ќе им даде дом и пасош на сите што ќе платат 100.000 евра и ќе инвестираат плус 500.000 евра во грчката економија во првите три години, а би морале да поминат и најмалку 183 дена годишно во Грција. 

Имено, владата во Атина уште од почетокот на мандатот се мачи да најде нови начини за раст на економијата, па така се сетила на оваа таканаречена „нон-дом“ програма. Станува збор за статус на лице што живее во одредена земја, но не мора да плаќа данок на заработени пари надвор од државата.

Со новата програма инвеститорите што се преселуваат во Грција би платиле 100.000 евра еднократен данок и уште 20.000 евра за секој член на семејството.

grcija

За инвеститорите што би инвестирале 1,5 милион евра плаќањето за престој би се намалило на половина, додека инвестицијата од 3 милиони евра би значела дека грчкиот пасош, односно пасошот од ЕУ, би чинел 25.000 наместо 100.000 евра.

За да се спречат идните влади да ги променат условите, воведена е и клаузула што го спречува тоа, а програмата ќе трае 15 години.

Вториот предлог е дизајниран за да привлече што повеќе компании во Грција. Со овој план секоја компанија ќе треба да плати еднократен данок од 15 отсто.

Иако различни, и двата плана имаат цел да ги охрабрат инвестициите во секторот технологија, да создадат работни места, да ги намалат даноците за менаџерски позиции и да привлечат што поголем број луѓе во Грција, со оглед на тоа што земјата се бори со одлив на мозоци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот