X
 15.01.2015 Економија

5-минутна пресметка може да ве направи милионер

Животот на буџет не е лесен. Многу луѓе не успеваат во оваа цел само поради лоши пресметки.


Fool“ има решение кое бара само пет минути од вашето време. Постапката оди вака:

1. Пресметајте колку сте заработиле изминатата година или колку очекувате да заработите оваа година (без лажење) (на пример, 100.000 денари).

2. Помножете ја сумата со 2 (100.000*2=200.000 денари).

3. Поделете со 10 (200.000/10=20.000 денари).

Тоа се 20% од вашата годишна заработка. Толку ќе заштедите следната година.

Како да го намените заштеденото?

Заштедата најчесто посочува кон чување пари на сметка во банка. Тоа не мора да биде така. Заштедата може да биде ставена на штедна сметка, искористена за плаќање долг или инвестирање во нешто. Од заштедата која ја пресметавте, половина од парите нека бидат наменети за покривање на дополнителните сметки, како долгови и кредитни картички. Доколку немате долг, прескокнете го чекорот и започнете да чувате пари за итни случаи.

Направете автоматски систем за чување на парите. Ова е најважно. Доколку не ги гледате, нема да ги трошите. Може да побарате од банката автоматски да префрла пари на посебна сметка секој месец.

Останатата половина од парите нека биде за пензискиот фонд. Да, веројатно веќе издвојувате за ова преку платата, но не е лошо да имате повеќе, не?

Живот на 80%

Сега треба да живеете со преостанатите 80% од заработката. Сите трошоци мора да бидат вклучени во оваа сума. Доколку не е така, тоа е нешто што не ви е потребно. Доколку се случи несакана незгода, ја имате заштедата за покривање на тие трошоци.


Заштедата на 20% од заработката може да значи многу. 25 годишник кој заработува 50.000 долари годишно и инвестира 20% од платата ќе има 1,55 милиони долари на возраст од 65 години. Би сакале вие да бидете тој денешен 25-годишник?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија