X
 02.07.2015 Живот

Што треба да знаете доколку патувате во Грција?

Во текот на изминатата година Грција забележа рекорд кога се работи за посетите од страна на туристите. Својот годишен одмор во Грција одлучиле да го поминат дури 24 милиони луѓе, што отвори дополнителни 50.000 работни места.


Но, грчкиот туризам е пред катастрофа од невидени размери откако владата не успеа да ја врати кредит од 1,6 милијарди долари. Банките имаат ограничени резерви на пари во готовина и граѓаните може да подигнуваат само 60 евра дневно од банкоматите.

Што значи ова за туристите?

Домашните жители се ограничени кога станува збор за подигнување готовина, но ова правило не важи за туристите. Меѓутоа, поголемиот дел од автоматите се празни. Кредитните и дебитните картички од странските банки се прифаќаат без проблеми.

Понесете евра

Кристос Стергиу, основач на луксузната туристичка агенција „TrueGreece“, вели дека туристите уживаат во Грција и дека кризата воопшто не влијае на нивниот одмор во таа земја. Меѓутоа, тој им дава неколку совети на туристите кои допрва ќе доаѓаат.

- Препорачуваме да имате доволно залихи во евра со себе кога ќе доаѓате овде, односно да понесете толку пари колку што мислите дека ќе ви бидат потребни - вели Стергиу.

Клучниот ден за иднината на туризмот во Грција ќе биде 5 јули, кога Грците излегуваат на референдум за предложените мерки на европските финансери. Доколку мнозинството биде против овој предлог, Грција веројатно ќе ја напушти еврозоната.

Погледнете:

Кризата во Грција низ фотографии

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот