Копањето криптовалути во Русија би требало да биде официјално признаено како работна активност и оданочено, според локалните медиуми.
Претставници на руското Министерство за економски развој и Министерството за енергетика сметаат дека копањето криптовалути се вклопува во дефиницијата на работни активности и неговото признавање како професија би им овозможило на властите да ја регулираат оваа индустрија и да собираат данок од неа. За оваа иницијатива наводно се разговара со претставници од бизнис-заедницата, а се изработуваат и конкретни предлози.
Фото: Pixabay
Според Алексеј Минајев, заменик-директор на одделението за развој на дигитална економија во Министерството за економски развој, признавањето на индустријата на копање криптовалути како работна активност би било од корист за државата и за оние што го работат тоа.
Меѓутоа, руската централна банка не ја поддржува оваа иницијатива поради ризик од тргување со криптовалути во земјата.
Русија не го забранува копањето криптовалути, но регулативата во областа е нејасна. Законот ги дефинира криптовалутите како имот и им овозможува на граѓаните да прават трансакции со дигитални токени, но не и да ги користат како средство за плаќање. Граѓаните, исто така, плаќаат данок за поседување криптовалути како имот.
Извор:
Ekapija
Фото: Pixabay