X
 18.04.2019 Наука

Научници ќе клонираат истребен вид коњ користејќи крв стара 42.000 години

Минатата година во Сибир научници пронајдоа ждребе од коњ старо 42.000 години.

Сега тие се надеваат дека ќе можат да го оживеат, односно да го клонираат коњот користејќи примероци од крв извлечени од изненадувачки добро зачуваното срце на коњот.

Освен течната крв, научниците што ја правеле аутопсијата пронашле и цели органи и ткива.

- Сега можеме да кажеме дека ова е најдобро зачуваното животно од ледената доба што некогаш било пронајдено во светот - истакна Семјон Григорјев, челник на музејот на мамути во Јакутск, Русија.

Ждребето, кое било на возраст меѓу една и две недели, се удавило во кал, која потоа замрзнала, па тоа илјадници години било завиткано во мраз.

Собирањето на течната крв не значи дека научниците дефинитивно можат да го клонираат коњот - тие допрва треба да се осигурат дека крвта содржи клетки кои може да се развиваат во лабораторија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука