X
 10.12.2015 Живот

Писмото на една мајка до нејзиниот "независен" тинејџер

Писмото на една мајка до нејзиниот 13 годишен син беше поздравено од голем број родители на интернет. Мајката Естеља Хависам, му напишала писмо на нејзиниот син кој е тинејџер и кој почувствувал дека е доволно стар за да си измислува сопствени правила.

Очигледно, таа мислела дека време е да му одржи лекција за независноста и се` што доаѓа со неа. Иако писмото на почеток било споделено само со пријателите, меѓутоа случајно копчето „public“ било се`уште активно на нејзиниот профил, па така писмото го заобиколи светот.

Ви пренесуваме дел од писмото.

„Драг Арон,

Бидејќи се чини дека си заборавил дека имаш само 13 години, а дека јас сум родителот, и дека нема да бидеш контролиран, претпоставувам дека треба да те научам лекција или две за независноста. Исто така, како што ми посочи, дека сега заработуваш пари, мислам дека лесно можеш од мене да ги купиш сите работи коишто сум ти ги купила во минатото. Ако сакаш сијалица/ламба или пристап до интернетот, тогаш треба да го платиш твојот дел од трошокот: кирија 430 долари, електрична енергија 116 долари, интернет 21 долар, храна 150 долари.

Исто така ќе треба да го фрлаш ѓубрето во понеделник, среда и петок, како и да метиш овие денови. Твојата бања очекувам да е чиста, и да ја чистиш еднаш неделно, да си ги приготвуваш сопствените оброци и да си исчистиш секаде кадешто ќе седиш. Ако не успееш да го направиш сето ова, ќе ти наплаќам исто како за слугинка, по 30 долари секој ден. Но, ако одлучиш да бидеш повторно мое дете, наместо цимер, тогаш ќе ги преговараме сите работи“.

Мајката напишала уште еден пост во кој објаснува зошто го напишала првото писмо.

„Ајде да бидеме малку сериозни! Сигурно дека нема да го ставам мојот 13 годишен син на улица ако не може да плати кирија. Не сакам ништо да плати. Сакам да започни да го цени домот, просторот и работите кои ги имаме. Го напишав писмото за да му покажам колку независноста е „скапа“! Ништо не е бесплатно“, вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот