X
 11.02.2015 Технологија

Истражувач објавил 10 милиони лозинки на интернет

Советникот за безбедност Марк Бурнет штотуку објави 10 милиони лозинки заедно со нивните соодветни кориснички имиња. Ова било сторено со намера да се помогне на истражувачи кои работат на анализа на кориснички имиња и лозинки.


Тој објаснил дека сакал „да обезбеди јасни податоци за да ги сподели со светот“ за да им помогне да добијат увид во постапките на корисниците, што е битно за понатамошните истражувања за безбедноста на лозинките.

Така, тој ги пронашол лозинките „фрлени“ насекаде ширум интернетот, на страници како „haveibeenpwned“ и „pwnedlist“ и ги составил во еден пакет. За оваа постапка тој е критикуван иако неговите намери биле „оправдани“, според него.

„Сакав да напишам текст за самите податоци, но морам да го сторам тоа подоцна бидејќи морав да пишувам објаснување за ФБИ да не ме обвинуваат“, вели тоа.

Потоа, тој верува дека поголемиот дел од податоците кои ги објавил се веќе непостоечки. Податоците треба да бидат вредни за академски и истражувачки цели и затоа биле објавени, посочува тој на својот блог.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија