X
 16.02.2022 Технологија

Во 70-тите години се развивал втор интернет во Чиле, но проектот бил напуштен

Во 1971 година во Чиле била развиена напредна компјутерска мрежа од страна на поранешниот претседател Салвадор Аљенде. Проектот бил наречен „Сајберсин“, а станувало збор за мрежа со која Аљенде сакал да ја модернизира економијата на Чиле.

Таа мрежа се развивала паралелно со американските компјутерски мрежи кои подоцна ќе станат интернетот, во време кога американскиот претседател Ричард Никсон се обидувал да ја потцени економијата на Чиле и да го симне од власт Аљенде. Аљенде бил првиот демократски избран лидер, марксист, во Латинска Америка.


Фото: Салвадор Аљенде/Wikipedia

„Сајберсин“ бил дизајниран од страна на британскиот теоретичар Стафорд Бир, а бил развиван со помош на млади програмери. Проектот бил успешен. Со малку алатки била изградена платформа која покажувала податоци во реално време, слично како социјалните мрежи денес. Платформата овозможувала поглед на индустријата во земјата од една соба.

Две години програмерите ја користеле платформата за да спречуваат обиди за државни удари сѐ додека во 1973 г. Ааенде не бил соборен од власта од страна на воената хунта предводена од Аугусто Пиноче. Сонот за стабилно, модерно Чиле завршил со соборувањето на Аљенде, а со тоа и потенцијалот за втор интернет кој бил развиван со различен систем на споделување на информациите.

Извор: Mashable
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија