X
 21.02.2023 Живот

Мајка и син го исполниле ветувањето што си го дале пред 20 години и заедно дипломирале

Поголемиот дел од времето родителите се тие што ве поттикнуваат да стекнете факултетска диплома. Но, за Имануел Патон, било обратно.

Пред речиси две децении, сега 23-годишниот дипломец ѝ ветил на својата мајка Керолин дека заедно ќе дипломираат. И покрај пречките и предизвиците со кои се соочиле на патот до дипломата, тие успеале заедно да дипломираат на Универзитетот во Мериленд. Така го исполниле ветувањето што си го дале и желбата за која и двајцата напорно работеле.

Патон бил во градинка кога ѝ рекол на својата мајка дека еден ден и двајцата ќе завршат факултет.

- Ѝ реков: „Мамо, знаеш што? Ќе се погрижам и ти да добиеш факултетска диплома во исто време кога ќе добијам јас“. Се погрижив да се држам до тоа ветување без оглед на сите тешкотии. Сакав да бидам човек од збор - изјави тој.

Сега, тој има диплома за администрација за јавна безбедност, а неговата мајка дипломирала на уметност и хуманистички науки.

Неговата мајка и претходно се обидувала да стекне диплома, но била преокупирана со тоа нејзиниот син да стигне до факултет.

- Се откажав бидејќи имав стекнато вонредни дипломи. Кога се обидов да студирам во 1995 година, во меѓувреме ми се случи живот, па не успеав - раскажува мајката.

Но, нејзиниот син никогаш не се откажал од намерата двајцата да дипломираат.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот