X
 28.10.2016 Здравје

Најголемата грешка во историјата на медицината

Гаетан Дугас, човекот за кој со децении се сметало дека е „нулта пациент“ кој го донел вирусот ХИВ во САД, е ослободен од обвинувањата. Имено, се покажало дека во неговото досие кружниот знак е всушност буквата „о“, а не бројот „0“.

гаетан дугас


Дугас е починат во 1984 година, но сега се докажува дека приказната дека тој го донел вирусот е сосема погрешна. Таа се основала на погрешно толкување на записите од Центарот за контрола и превенција на болести во Америка. Буквата „о“ што стои во неговото досие всушност означува дека пациентот не живее во Калифорнија (Outside of California). Дугас живеел во Њујорк.

Експертите ја истражувале смртоносната инфекција на белите дробови која очигледно била поврзана со сексуални односи. Додека разговарале со пациентите за да дознаат од каде почнала заразата, се појавило името на Гаетан Дугас и буквата во неговото досие била препознаена како нула, со што тој станал нулта пациент кој ја донел болеста во САД.

Поради ова обвинетиот пациент морал да се сети на 72 мажи со кои бил интимен, а неговото име станало многу препознатливо. Потоа се нашол во низа статистики и дијаграми, а еден новинар во својата книга „And the Band played on“ го прогласил за виновен за смртта на илјадници Американци.

Научниците долго време знаеле дека тој е неправедно обвинет, но немале физички докази. Новите анализи покажуваат дека ХИВ вирусот се појавил во Њујорк во раните 1970ти, многу порано од случајот со Дугас.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје