Многупати именуван и како најлековита билка на светот, бозелот навистина е посебно растение. Неодамна се запрашав зошто детството не го помнам како период на настинки, инјекции и престои во болници, а во последно време и најмалиот сезонски грип сè потешко го лекувам. Веднаш се потсетив на освежителниот и сладок вкус на чајот и сокот од бозел како и џемот од бобинките кој го приготвуваше мојата баба, а јас низ смеа и игра, со задоволство ги консумирав, не знаејќи дека притоа таа секојдневно го заштитувала и зајакнувала мојот имунитет.
Научниците заклучиле дека активната материја во бозелот може да го скрати времетраењето на грипот за 4 дена. Поради содржината на слуз која ја содржи, бозелот ја смирува сувата кашлица, па затоа често може да се сретне во комбинираните билни препарати, кои се користат ви вид на таблети, спрееви или сирупи против кашлица. Бројни се народните лекови создадени од ова благородно растение прилично важни за зимскиот период, а неговиот природно посебен, интересен и сладок вкус го прави толку лесен за консумирање.
Затоа, во овој период на настинки можеме да заклучиме дека бозелот е вкусот кој ќе ни го понуди токму она што ни треба...чувството на удобност и олеснување, многу слично како кога бевме мали и ја чувствувавме грижат на нашите баби за време на настинките.
Септолете Тотал со вкус на лимон и бозел е секогаш со вас во борбата против настинки и грип, а наредниот пат кога ќе го сретнете во природата, не заборавајте да го наберете и да го искористите сиот негов потенцијал!
Комерцијален текст