X
 10.12.2020 Наука

Научниците го откриле првиот случај на припитомување помеѓу животните

Човечката цивилизација не би била ваква каква што е денес доколку луѓето не ги припитомиле животните. Сега, истражувачи во Австралија тврдат дека го откриле првиот пример на припитомување помеѓу животните. Станува збор за вид риба која припитомува мали ракчиња за да ѝ помогнат во грижата за алгите.

Се верува дека човекот прв го припитомил волкот пред околу 15.000 години за да му помогне во ловот, а подоцна и како миленик. Следувало припитомувањето на козите, свињите, овците и говедата за храна и материјали. Освен тоа, речиси секое растение што го јадеме не изгледа исто како истиот вид во дивина.


Фото: Pixabay

Досега, единствените други организми за кои се знае дека припитомуваат други организми се инсектите. На пример, мравките припитомуваат одредени инсекти кои им помагаат во заштитата од предатори. Но ова однесување не било забележано кај други видови 'рбетници, барем не досега.

Истражувачи од универзитетите „Грифит“ и „Дикин“ откриле дека еден вид риба ги припитомува мисидните ракчиња. Овој вид риба е позната по тоа што одгледува алги за храна, а се чини дека го користи изметот од ракчињата како ѓубриво. За возврат, ракчињата добиваат безбедно прибежиште во кое рибите ги заштитуваат од другите предатори.

Научниците ја потврдиле идејата со помош на повеќе теренски и лабораториски тестови и откриле дека ракчињата се привлечени од мирисот на рибата.

Автор: Мајкл Ирвинг
Извор: newatlas.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука