Ултра отровните животни се една од причините заради кои е позната Австралија.
Континетот може да се пофали со најотровната змија на светот. Според некои процени нејзиниот гриз може да испушти отров кој може да убие 100 луѓе. За среќа, се работи за „срамежлива“ змија која живее во напуштени делови на континентот и многу ретко напаѓа луѓе.
Тука е нешто помалку отровната „крајбрежен тајпан“, која неретко знае да се појави и во предградијата на големите градови, а тука е и „тигрестата змија“ од чиј гриз има од 40 до 60 проценти шанса да починете ако веднаш не се обратите на лекар.
Можеби најотровното животно на континентот е „морската оса“, медуза која може да убие возрасна личност во рок од 2 минути. Покрај крајбрежјето знаат да бидат присутни и опасните крокодили.
И покрај сите опасни животни, во периодот од 2000 до 2013 година, најмногу луѓе се убиени од коњи. „
BBC“ пишуваат дека во тој период коњи усмртиле 74 лица во различни несреќи, додека инсектите и змиите се одговорни за 26 смртни случаи секоја година.
Што се однесува до коњите, таа бројка може лесно да се објасни со оглед на фактот дека во Австралија голем број луѓе се бават со одгледување на коњи, па тие несреќи се статистички поверојатни за разлика од другите држави.