Пред неколку години научниците открија дека еден вид делфини имаат голем клиторис во облик на буквата ѕ, кој се наоѓа на подобро место отколку кај луѓето. Потоа сфатија дека повторно погрешно го разбирале женскиот полов орган кај луѓето бидејќи истражување покажало дека во него има дури 10.000 нервни завршетоци.
Но, група научници открија дека женките змии, исто така, имаат клиторис. Поточно, имаат два клиториса, исто како што машките змии имаат два пениси. Било откриено дека двата клиториси се во облик на триаголник кој може да варира во големината и формата. За разлика од змиските пениси, кои може да се извадат и да се вратат на место, клиторисите кај женките змии немаат мускули што го овозможуваат тоа.
Кај некои змии овој орган е мал и тенок, а кај некои го зазема речиси целиот простор на предниот дел од опашката. Научниците открија и дека клиторисите кај змиите се состојат од ткиво полно со крвни клетки и нерви, но во нив нема 'рбет како кај пенисите на мажјаците.
Откритието покажува дека женките можеби користат сензорна стимулација за да го привлечат партнерот, наместо мажјаците да ги принудуваат женките на полов однос како што се мислеше претходно.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay