X
 19.03.2022 Наука

Откриена риба со боите на виножитото

На Малдивите била откриена нова риба со боите на виножитото. Новиот вид риба е именувана на локалниот јазик, а нејзиното име се преведува како самовила со розов превез. Името е во чест на националниот цвет во розова боја на островите, како и поради бојата на самата риба. Биологот Ахмед Наџиб од Институтот за морски истражувања на Малдиви ѝ го дал името.

Новиот вид бил откриен откако истражувачите анализирале пораспространет вид риба и откриле дека, всушност, станувало збор за два различни вида што имаат суптилни разлики. ДНК-анализа потврдила дека станува збор за два различни вида.



Рибите од овие видови веќе се продаваат како аквариумски, иако голем дел од нив се фатени на неетички начин, велат експертите.

Малдиви е мала земја составена од мали острови кои се наоѓаат на околу 800 километри јужно од Индија. На островите се наоѓа и седмиот најголем систем на корални гребени на планетата.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука