X
 10.12.2021 Живот

Ќерка ми има 7 години и уште ѝ го блендирам ручекот. Ѝ се гади од храна. Што да направам?

Ќерка ми има 7 години, единка е. Отсекогаш сме имале проблеми со храната, како гадливост и повраќање, најчесто од миризбата или текстурата. Ручекот сѐ уште ѝ е блендиран со цел детето да внесе хранливи состојки. Секој друг обид завршува неуспешно. Лебот треба да биде без ништо, исто така и нездравата храна ја пребира, како одредени грицки, чоколади, сок и слично. Сега е второ одделение, првото беше на онлајн настава, па немавме проблем, но сега се соочуваме со страв од одење во училиште бидејќи појадуваат и ручаат во кујна. Стравот резултира со гадење и повраќање. Нејзините одговор е дека ѝ се гади од самата помисла на храната и начинот на кој децата јадат, не сака да ги гледа и да седи во кујна бидејќи ѝ се гади. Постојано е под стрес, кој повторно се манифестира со гадење и повраќање. Тоа е едниот проблем, кој мислам дека е поврзан и со другиот проблем, а тоа е дека е многу поврзана со другарка во одделението до која мора да седи во клупа, на маса или да се држат за рака, а секоја промена резултира со лутење или плачење. Дома отворено зборуваме, исто и со наставничките, не ја принудуваме со јадењето, но мора да оди во училиште. Ве молам за совет како да постапиме?

Одговорот од психолог прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот