X
 05.10.2021 Живот

Бремена сум и осамена, па често го карам син ми. Не знам како да си помогнам

Мајка сум на 20-месечно синче и за неколку дена влегувам во деветти месец од втората бременост, која има огромно влијание врз мене и мојата самоконтрола, нервоза и агресија.

Син ми во последно време стана чуден, кога велам чуден, мислам на многу плачлив, нервозен до тој степен што знае да крене рака на мене. Темпераментен е и за негова возраст доста е напреден, разбира сѐ што му се зборува, но го слуша тоа што му одговара. Кога и да кажам нешто, следува драма, фрлање на земја, плачење и некогаш завршува со повраќање. Јас навистина се трудам да му објаснам мирно и со убаво, но едноставно не ме слуша, ме прави да го карам, па некогаш дури и да го истепам (тепање мислам да го удрам неколку пати по памперс за да сфати дека не е во ред тоа што го први) бидејќи сум повеќе време со него отколку татко му, поради работа, и навистина немам нерви. Плус, многу сум осамена, освен маж, ми син ми и мајка ми, немам никого во животот, по цел ден сум сама и тоа многу ми влијае врз психата.

Речиси секој ден плачам, преморена сум, навечер не можам да спијам, сѐ ме боли, а кога ќе заспијам, тогаш се буди син ми и бара да го нишам бидејќи уште не заспива сам… Некогаш кога ќе го искарам или удрам, потоа се задушувам плачејќи и обвинувајќи се дека сум лоша мајка, но колку и да се трудам да не го карам, тој ме принудува… Не знам како да си помогнам, но очајно ми треба таа помош да бидам подобра мајка за моите деца бидејќи тие ми се целиот свет и не сакам да мислат дека мајка им не ги сака и само ги кара. Сакам да знаат дека сѐ би направила за нив.

Одговорот на прашањето на мајката прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот