X
 29.08.2024 Живот

Син ми почна да користи вулгарни зборови и постојано се тепа во градинка. Немам никакво влијание врз него, како да се поставам?

Моето дете има 4,5 години и во последно време многу е променет во однесувањето. Оди во градинка и јас секој ден се молам негувателката да не го посочи него дека направил нешто. Почна многу да користи вулгарни зборови пред секого и секаде. Пробав да му укажам со разговор, дека тоа не е добро, но немаше ефект. Пробав со казни, потоа со игнорирање, но и тоа не успеа, си продолжи да си тера по свое. Чувствувам дека ја губам контролата над него и дека немам никакво влијание врз него. Во градинка постојано се тепа, кога спијат сите, тој ги буди, па неколку пати бевме опоменати од страна на воспитувачот, но и покрај моето зборување и советување, нема никаков ефект. Навистина не знам повеќе што да правам и како да се поставам за детето да сфати како треба да се однесува во градинка и дека мора да има почит спрема другите. Очајна и беспомошна сум.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот