Моето дете ќе полни 5 години, но неговото однесување веќе ме загрижува и се разликува од однесувањето на другите деца. Оди во градинка, барав и таму да го види стручно лице, но одговорот беше дека тој е сосема нормален освен што е малку асоцијален и кога има некакви активности, како боење и цртање, не сака да соработува или само кратко време го работи тоа. Именува и препознава сѐ, бои, броеви ,собира до 20, животни, предмети, појави, говорот му е развиен, но не на ниво на 5-годишно дете, користи едноставни прашања и одговара со прости реченици. Зборува и разбира и англиски, многу подобро од македонски, и сето тоа е самостојно научено од цртани. Ретко игра со други деца, најчесто сака самостојно да игра и додека игра, си прави сам дијалози кои речиси секогаш се поврзани со цртаните што ги гледа. Ве молам за совет и што да преземеме, премногу сум загрижена.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк