X
 10.12.2022 Живот

Три работи што можеме да ги научиме од Ада Лавлејс и како ние во IQ UP! ги применуваме

На денешен ден е родена Ада Лавлејс, британска математичарка и писателка

Десетти декември е денот кога светот го слави раѓањето на Ада Лавлејс, првиот светски компјутерски програмер. Биографија на Ада Лавлејс е инспиративна по многу нешта. Од фактот што е меѓу ретките жени кои во далечните 20-ти години на 19 век била сериозно заинтересирана и навлезена во науката и математиката, во време кога од жените се очекувало нешто сосема друго; па сѐ до уникатниот и напреден начин на размислување и секако, фактот дека го создала првиот алгоритам за програмирање во време кога компјутери не постоеле. Воодушевувачки, нели?
Од девојката која е наречена Волшебничка на бројките може многу да се научи. Во овој блог ги сублимираме трите работи што ни се најинспиративни и се дел од нашата уникатна IQ UP методологија.

„Колку повеќе учам, толку понеодолива ми е желбата за учење“ – Ада Лавлејс.

1. Дозволете ѝ на имагинацијата да цути!

Имагинацијата на Ада не познавала граници. За тоа сведочат нејзините белешки и записи. На само 12 години размислувала и скицирала макети како да создаде летачки машини, во време кога тие не постоеле. Подоцна, на 17 години, воодушевена од изумот на научникот Чарлс Бебиџ за создавање машина која прави автоматски калкулации, Ада го создава првиот алгоритам, во време кога компјутерите не постоеле.
Овие податоци потврдуваат колку е важна фантазијата и колку е тесно поврзано со инвентивноста. Речиси и да не постои изум кој прво не постоел во фантазијата на некој научник или индивидуалец.



Знаејќи колку е ова важно, поттикнувањето на фантазијата кај децата наоѓа голем фокус во нашата методологија. Нашата програма им ги дава основите за научните поими и процеси на учениците, но дозволува при изработка на практичните проекти тие слободно да размислуваат и да фантазираат. На тој начин ја поттикнуваме нивната имагинација и ги подобруваме нивните креативни, јазични и когнитивни вештини. Круцијални вештини кои многу ќе им бидат потребни кога ќе пораснат.

2. Важноста од поврзувањето на научните дисциплини

Тоа што била ќерка на познат британски поет и призната математичарка ја учи Ада да ги поврзува литературата и науката. Самата кажала дека нејзините трудови се „поетска наука“. Оттогаш Ада нѐ учи на потребата за поврзување повеќе дисциплини за да дојдеме до саканото решение. Или поедноставно кажано, слободно да ги поврземе точките од целокупното знаење со кое располагаме.

Затоа, нашиот метод се фокусира на поврзување на најважните дисциплини познати како STEAM-едукација, збогатени со литература и кодирање. Темите што се изучуваат во IQ UP истовремено поврзуваат билогија, хемија, физика, математика, литература, уметност и програмирање. На тој начин им помагаме на нашите ученици да развијат неколку многу важни вештини, како што се алгоритмичко и критичко размислување – или самостојно размислување кое создава нови и иновативни решенија. Така ја поттикнуваме самостојноста во размислувањето, но и ги учиме децата од повеќе агли да му пристапуваат на секој проблем, аплицирајќи и комбинирајќи ги сите знаења што ги поседуваат.
Ние во IQ UP! ги воведуваме учениците во основите на програмирање преку посебен пристап, преку кој децата развиваат вештини за алгоритмичко размислување и решавање на проблеми и задачи. По повод одбележувањето на животот и делото на Ада Лавлејс и нејзиниот придонес во науката, IQ UP! ви подарува бесплатна книга со неколку активности за деца, преку кои се вежба алгоритмичкото размислување и решавање на задачи. Преземете ја бесплатната книга со активности ОВДЕ.



3. Секогаш бидете љубопитни да дознаете нешто повеќе и бидете истрајни во тоа


Во моментот кога Ада се запознала со научното откритие на Чарлс Бебиџ, таканаречената „аналитичка машина“, веднаш зела неколку од неговите книги во кои се објаснува функционирањето на оваа машина и детално ги проучила. Тие ѝ дале идеја за создавање алгоритам кој денес е признаен како првиот алгоритам за програмирање. На него работела четири месеци со цел да биде сигурна во точноста на инструкциите и резултатите.
Ваквата посветеност на Ада ни покажува колку е важна истрајноста. Преку нашите експерименти ги учиме децата да не се откажуваат. Им даваме простор колку што е потребно за секоја идеја и визија да ја тестираат одново и одново. Ние не препознаваме погрешен одговор. Напротив, ги охрабруваме децата да ја тестираат секоја идеја и доколку таа не функционира, да се обидат повторно. На тој начин им ги развиваме социјалните вештини кои се потребни исто колку и техничките вештини.
Овие три точки се само мал дел од она што можеме да го научиме од Ада како визионер. За сите што се заинтересиравте и сакате да научите повеќе за нејзиниот живот, подолу е даден краток вовед за нејзиниот живот и дело.



Која е Ада Лавлејс?

Ада Бајрон Лавлејс е британски математичар и писател, а светот ја знае како првиот светски компјутерски програмер. Лавлејс е родена на 10 декември во далечната 1815 година. Татко ѝ е Џорџ Гордон Бајрон, светски реномиран поет, а мајка ѝ – Анабела Милбенк Бајрон, позната математичарка која била наречена Принцеза на паралелограмите.
Ада е одгледана и воспитувана од нејзината мајка Изабела бидејќи татко ѝ ги напуштил кога имала само осум недели. Под влијание на нејзината мајка, Ада била многу повеќе фокусирана на математиката и бројките отколку на литературата. Поради ангажманите на мајка ѝ како научник и поради тоа што растела без татко, Ада голем дел од времето го поминувала сама. Но, како што сведочат нејзините белешки, инспирација и друштво наоѓала во бројките. Освен лесното пресметување на сите математички операции напамет, таа имала голем интерес и за изработка на машини. Имено, уште како дете била љубопитна да разбере како летаат птиците и како врз основа на нивното проучување може да се создаде летачка машина.

Интересот за машините и огромното познавање на математиката ја носат до научникот Чарлс Бебиџ, познат како Татко на компјутерите, кој го запознава на една средба на која била поканета нејзината мајка. Бебиџ, воодушевен од познавањето на оваа 17-годишна девојка, ги споделува со неа неговите наоди за неговата „аналитичка машина“ – машина која автоматски може да прави математички калкулации. Учејќи за машината и како таа би функционирала, Ада успеала да види нешто што Бебиџ не го препознал – можност машината да не прави само автоматски математички калкулации, туку многу повеќе.
Така, инспирирана од тоа што сѐ може да прави една машина, Ада се посветила на создавањето комплексен алгоритам кој би ѝ давал наредби на машината, не само да ги извршува, туку да ги извршува прецизно и точно.
Сто години подоцна овие белешки на Ада добиваат признание од научната јавност, а нејзиниот алгоритам е признаен за прво вистинско компјутерско програмирање.

Приказните што инспирираат треба да се раскажуваат…

Инспирирајте ги вашите деца со нашата интересна приказна за Ада, раскажана преку нашите ликови Оливер, Биби и Боби. Прочитајте им ја приказната од овој ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот