X
 01.07.2017 Наука

Ќерката на Лорд Бајрон - изумител на првата компјутерска програма

Неодамнешни истражувања нудат фасцинантни приказна за маргинализирани луѓе кои дале значајни придонеси во научните откритија, како што се „човечките компјутери“ на НАСА, за кои се зборува во книгата „Hidden Figures“, а се направи и филмска адаптација.

Многуте жени кои работеле во „Bletchley Park“ за време на Втората светска војна помогнале при декодирање на многубројни шифри. Тие и многу други се вистинска инспирација за жените и девојките ширум светот.

Како пример за жена успешна во науката е и Ада Лавлејс, ќерката на поетот Лор Бајрон. Таа е позната по создавањето на првата компјутерска програма, и покрај тоа што живеела во време пред појавата на модерниот компјутер. Имала образование по математика и музика и се запознала со професорот по математика Чарлс Бабејџ, кој ја измислил машината за пресметување наречена „Difference Engine“. Тој ја поттикнал да го развива интересот за математиката и тоа и го сторила.

И помогнал да креира друга машина „Analytical Engine“, со која можеле да се извршуваат низа операции. Нејзиниот придонес кон развојот на машината бил голем, но таа секогаш чувствувала потреба да се консултира со Чарлс, велат истражувачите. За жал, како жена, немала пристап до „Royal Society’s library“ во Лондон, а нејзините амбиции биле прекинати од одредени здравствени кризи. Починала на возраст од 37 години, од рак.

Некои историчари ја гледаат само како помошник на Бабејџ, но многумина сметаат дека нејзините способности биле големи и дека таа е една од жените кои со својот труд и иновација придонеле за развојот на науката.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука