X
 10.12.2023 Технологија

„Пеинт“ добива алатка за создавање слики со вештачка интелигенција

Корисниците на оперативниот систем „Виндоус 11“ од одредени земји отсега може да создаваат слики со помош на вештачка интелигенција користејќи ја програмата „Пеинт“. За тоа е заслужна алатката на „Мајкрософт“ за создавање слики со вештачка интелигенција, „Кокреатор“ (Cocreator).

Оваа алатка користи модел создаден од компанијата „Опен АИ“. Алатката сега е интегрирана во „Пеинт“.

Оваа опција засега е достапна само во САД, Франција, Обединето Кралство, Австралија, Канада, Италија и Германија.

Корисниците во овие земји може да создаваат слики со вештачка интелигенција со користење на опцијата „Кокреатор“ во „Пеинт“, која може да се најде во горниот десен дел на апликацијата.

Извор: Bug
Насловна фотографија: Microsoft
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија