X
 11.01.2017 Култура

Филмска снимка од СССР дава неверојатно вистинити предвидувања за светот

Визијата на животот во 2017 година открива изненадувачки сличности со денешниот сообраќаен систем и мобилната поврзаност.

Филмските снимки од студиото „Диафилм“ во Москва од 1960 година откриле неколку неверојатни детали во врска со тоа како тогаш се замислувал  денешниот живот.

На снимката од 45 кадри прикажан е свет во кој Сибир и Алјаска се поврзани со брз воз на атомска енергија, која поминува низ Беринговиот теснец, со користење на мост на две нивоа. На снимката се раскажува за момчето Игор, кое ужива во достигнувањата на СССР, еден век по Октомвриската револуција, а особено во разните погодности поврзани со патувањето.

1

2

По должината на северниот дел на Евроазија, снимката прикажува „меѓународната подземна мрежа“, која ги поврзува градовите и заедниците по должината на Северниот арктички океан. Далеку на север од Сибир се наоѓаат серија на речни канали поврзани со Аралското и Каспиското Море на југ.

3

4

Некои предвидувања се доста сигурни, како што се видео разговорите, со чија помош Игор комуницира со една жена која од деловни причини се наоѓа на Црното Море. Оваа технологија е слична на денешниот „Скајп“.

5

Исто така, може да се види слика на која се претставени автономни автомобили, но без концепт на денешните гугл мапи и таблети, Наместо тоа, прикажани се  весници и мапи од хартија.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура