„Еден лидер е најдобар кога луѓето едвај знаат дека постои, кога неговата работа е завршена, неговата цел исполнета, а тие ќе кажат, самите го постигнавме тоа“- Лао Це.
Ние сите играме многу улоги во различни аспекти на нашите животи, а поголем дел од времето ние не сме свесни како влијаеме врз другите луѓе. Размислете за улогата на мајките дома, учејќи ги децата како да одат и зборуваат или тинејџери, капитени во спортските тимови кои организираат социјални настани во училиштето.
Ние тежнееме кон размислувањето дека лидерите се дел од работната сила, или дел од политичката сфера. Како и да е постојат лидери насекаде, вткаени во секоја клетка од структурата во нашето општество.
Лидерството не е статус. Лидерството е начин на размислување
Лидерство е дефинирано по начинот на кој размислуваме и начинот на кој се однесуваме. Сите ние имаме способност да бидеме лидери. Тоа се покажува најмногу кога сме смирени, фокусирани, придвижени од инспирацијата и ги мотивираме оние околу нас со нашата страст и нашиот ентузијазам.
Имаме лидери насекаде околу нас. Лидерството во суштина, е:
- Водство
- Насока
- Авторитет
- Контрола
- Моќ
- Вештина
- Влијание и управување
Помислете за момент за тоа колку пати сте ги користеле овие зборови, на некој начин, облик или во некоја форма во вашиот живот? Размислете за тоа колку пати сте биле во ситуација некој да ви каже дека поради вас или поради вашите зборови на мудрост, тие направиле различни избори во животот? Размислете за тоа колку пати некој ви заблагодарил бидејќи ако не бевте вие, немаше тие да бидат онаму каде што се денес?
Ние никогаш вистински не сфаќаме дека сме влијаеле се додека некој друг не ни го каже тоа. Дури и тогаш, не сите ќе ја имаат таа храброст, но убедливата вистина е дека секој од нас ја има таа моќ во себе секој ден, дури иако повеќето од нас никогаш не признаваат.
Аристотел објаснил како секое човечко суштество носи уникатен сет на потенцијали, кои копнеат да бидат исполнети како што желадот копнее да стане даб. Ова значи дека секој желад е потенцијален даб, а со вистинските услови, нешто мало и безначајно како желадите ќе стане силно дабово дрво. Со други зборови, ние сите имаме потенцијал да бидеме лидери.
Силно лидерство започнува со визија
Силниот лидер има визија, а визијата е цел, дестинација или она што сака да го создаде во својата иднина. Запрашајте се себеси: Ако немате визија, како ќе знаете каде да одите?
Тоа е како скокање во вашиот автомобил, возење наоколу без насока, без цел и без дестинација. Меѓутоа, ако ја внесите вашата дестинација во “Google maps“, веднаш знаете каде одите, a постојат многу начини за да стигнете до таму.
Имањето визија за тоа каде сакате да одите е вашата најголема вредност. Тоа е како да создадете лидерски начин на размислување. Да се поседува вистинскиот начин на размислување е начинот како да се стане влијателен. Хелен Келер совршено го објаснува тоа: “Единственото нешто полошо отколку да се биде слеп е да се има очи, но да се нема визија.
Визијата не е само слика; таа може да биде чувство или однесување за она кон што се стремите да бидете. Еднаш штом ја имате вашата визија, кон што ќе се фокусирате? Какви акции ви доаѓаат на ум? За што ќе бидете одговорни?
Правете како што велам, не како што дејствувам
По безбројни студии за влијанието на нашето опкружување, знаеме дека децата, браќата и сестрите, родителите и соработниците ќе го следат нашиот пример, а не нашите совети. Во оваа смисла, вистинските лидери, не создаваат следбеници, туку тие создаваат лидери. Вистинското лидерство е повеќе за инспирацијата и патувањето, отколку само за исходот или собирање на трупа на потчинети.
Па како изгледа вистинскиот лидер? Еве некои карактеристики за кои веруваме дека ќе ве претворат во голем лидер:
Јасен комуникатор: Некој што кажува што мисли, и го мисли она што го кажува. Акциите зборуваат погласно од зборовите, па јасниот комуникатор треба да постави добар пример, затоа што во спротивно сето зборување ќе биде демотивирачко.
Страствен: Инспиративните луѓе секогаш, секогаш, секогаш го сакаат она што го работат. Тоа е нивното уживање и станува заразно и инспиративно бидејќи другите луѓе сакаат да се чувствуваат на тој начин.
Претставителен: Добар во развивање на односи. Ова не подразбира да сте екстроверт, туку едноставно да сте личност што природно сака да запознава други луѓе.
Отворен слушател: Способен да слуша за да разбере, отколку да слуша за да одговори. Нивната свесност не е само гледната точка која се зема во предвид, туку добрите идеи доаѓаат од секаде.
Флексибилен: Променува планови ако е потребно. Може да се фокусира и да се посвети одново доколку околностите се променат.
Почитуван: Прифаќање дека секој има уникатни индивидуални таленти, силни страни, сонови, верувања и мотивации. Иако тоа значи да се различни од оние на лидерот, тие исто се валидни и значајни.
Отворен за фидбек: Големите лидери знаат дека растот доаѓа од промената. Тие се подготвени да се отворат себеси за примање на фидбек од луѓе и искуства и ги користат овие лекции за проширување на перспективите и целите да станат подобра везрија од себе.
Доверлив: Оваа особина го отвора патот за другите да се чувствуваат поттикнати да придонесат на нивен значителен начин. Да се дозволи на луѓето да прават грешки, да им се дозволи да научат и да имаат искуства што ќе им дадат можности да бидат најдобрата верзија од себеси.
Гледајте ги невербалните сигнали
Довербата е голем збор. Сепак, тоа е основата за автентичните односи. Дали знаете дека ако не му верувате некому, без воопшто да го изговорите тоа, таа личност ќе го забележи тоа? Околу 55% од нашата комуникација е невербална: тоа е нашата физиологија што го прави сето зборување. Значи, фактот на одлучување да не и верувате на одредена индивидуа или гледањето на неа како на недоверлива значи дека несвесно се однесувате на тој начин.
Ова е местото каде што вашата невербална комуникација (јазикот на телото) зборува со цела јачина. И погодете што? Ќе ги добиете истите резултати што ги гледате или мислите. Она што го очекуваме, тоа ќе го добиеме на крајот. Па, затоа поченете да размислувате повеќе позитивно и имајте бенефит од сомнежот, дури и кога не сте сигурни.