X
 30.10.2019 Технологија

Јапонска визија за патувањето: Вие седите дома, а робот ќе патува наместо вас

Заборавете на чекање во редови за безбедносна проверка, брзање за да стигнете и потоа со часови да седите на седиштето. Најголемата јапонска авиокомпанија планира да го редефинира патувањето развивајќи робот кој со помош на технологијата наречена „телеприсутност“ ќе лета наместо вас.

„Ан Нипон ервејс“ неодамна го претстави роботот „Њуми“, кој на луѓето ќе им овозможи да патуваат, а всушност да не мора да се качат на авион. Роботот „Њуми“, висок околу 1,5 метар, изгледа како ајпад на тркала, а има можност за пренос на видеоснимки со висока резолуција што на корисникот му овозможува гледање и интеракција со неговата околина без напуштање на домот.



Роботот доаѓа со додатоци што може да се приспособат според потребите на корисникот.

- Нашата визија за подобро поврзана планета ќе се потпира на најновите иновации во роботиката, во виртуелната и проширената реалност и во вештачката интелигенција за да се трансформира начинот на кој луѓето комуницираат. Овие роботи ќе отворат нови можности и ќе помогнат во преобликувањето на сите сфери, од работа и образование до здравствена заштита и забава - изјави Шиња Катанозака, претседател и извршен директор на компанијата „Ан Нипон ервејс“

Оваа технологија може да биде особено корисна за луѓе со сериозен инвалидитет кои не се во можност да ги напуштат своите домови, како и за постарите лица.

Компанијата планира да ги претстави првите 1.000 роботи на наредниот лет, овозможувајќи им на луѓето да присуствуваат на спортски настани, состаноци или да одат да купуваат на другата страна од светот, а да не мораат да го напуштат својот дом.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија