X
 11.01.2021 Технологија

Пробајте ги старите оперативни системи на вашиот пребарувач

Иако сите ги сакаме модерните оперативни системи, понекогаш сакаме да се потсетиме како работеа компјутерите во минатото. Ви пренесуваме неколку оперативни системи кои можете да ги вклучите на вашиот пребарувач.

Класичен Мекинтош

Во 1984 година „Епл“ го лансира првиот компјутер од серијата „Мекинтош“. Стануваше збор за револуционерен компјутер со графички кориснички посредник. Емулаторот го вклучува System 7.0.1 и три апликации - MacPaint, MacDraw и Kid Pix.

Поради тоа што системот користи многу помалку системски ресурси од емулаторот за „Виндоус 95“, вчитувањето ќе трае пократко.

Мекинтош плус

Две години по претставувањето на првиот „Мекинтош“, „Епл“ го претстави неговиот наследник - „Мекинтош плус“. Тој се продаваше по астрономска цена од 2.600 долари, а доаѓање со 1 MG RAM и поддршка за до 4 MB можеше да има до седум периферни уреди и читаше дискети до 800 KB. Емулаторот доаѓа со три апликации: Risk, Cannon Fodder и Shufflepuck.

Виндоус 3.1

Овој оперативен систем излезе во 1992 година и го замени изворниот „Виндоус 3.0“. Покрај сличното име, новиот оперативен систем понуди многу новитети, вклучувајќи ги „TrueType“ фонтовите. Најпознатите фонтови се Arial, Courier New и Times New Roman.

Системот теоретски можеше да поддржи до 4 GB RAM, но во практика работеше со до 256 MB. Поддршката за овој систем траеше до 2008 година.

Во пребарувачот ќе можете да заиграте игри како „Minesweeper“ и „Solitaire“, но и да работите во програми како „Write“ и „Paintbrush“.

Виндоус 95

Легендарниот оперативен систем на „Мајкрософт“ излезе во август 1995 година и претставува еден од најважните оперативни системи за таа деценија. Тој ги постави темелите за другите оперативни системи „Виндоус“ со воведувањето на „Старт“ и „Таскбар“.

Овој емулатор го вклучува системот „Windows 95 OSR2“. Таа верзија не поддржуваше УСБ и имаше проблеми со пентиум-компјутерите.

Извор: Tportal
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Билјана Арсовска

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија