X
 13.05.2017 Технологија

Вештини и способности кои ги уби модерната технологија

Во минатото, кога не постоеја паметните телефони, интернетот и компјутерите, живеевме поедноставен живот. Денес работите изгледаат како да ни ги олесни технологијата, меѓутоа нè направи поглупави и помрзеливи и ги уништи способностите и вештините кои некогаш ги имавме пред дигиталната ера.

Меморирање телефонски броеви - Вртење на телефонски именик и запишување на телефонски броеви е нешто со кое новите генерации воопшто не го знаат. Мама, тато, најдобриот пријател, доктори и другите телефонски броеви беа на „брзо бирање“ во нашите глави.

Броење пари
- Иако парите сè уште доминираат во светот на трговијата, се чини дека ќе станат „изумрен вид“. Со толку мобилно паричници, безброј кредитни картички, генерациите во иднина нема да знаат што е тоа кеш.

Ментална математика -
Заедно со способноста за меморирање на броевите, менталната математика исто така ќе престане да постои поради достапноста на паметните телефони и калкулаторите.

Печатење фотографии -
Постоеше време кога луѓето едвај чекаа да ги развијат фотографиите откако ќе одеа дома после одмор. Со паметните телефони и камерите за моментално печатење, ова ќе стане концепт кој луѓето во иднина нема да го знаат.

Читање на мапи - Со апликации за навигација и мапи, потребата за читање на вистински мапи скоро и да исчезна.


Фото: Ordinance survey

Учење од енциклопедија
- Со технолошките начини на пристап до информациите, младите луѓе денес не знаат што е воопшто енциклопедија. Единствено најблиско нешто за нив е Википедија.

Јазици за зборување - Со појавата на софистицираните алатки за јазици, од апликации како што е „Google Translae“ до слушалки кои го преведуваат јазикот, значи дека човекот стана мрзелив кога станува збор за учење и зборување на странски јазици.

Кажување на времето - Постојаниот пристап до паметните телефони ја намали нашата способност да ги „читаме“ часовниците со оглед на тоа што овие уреди ни го прикажуваат времето дигитално.

Испраќање на писмо
- Кои информации се запишуваат на пликот? Дали треба да се мери? - прашања кои се непознати за новите генерации кои пораснаа со социјалните медиуми, мејловите, јавувањата и онлајн доставувањето.

Рачно пишување - Со домашните задачи кои денес се изработуваат на компјутери и со документите зачувани во „облаци“, ракописот на луѓето сè повеќе се влошува.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија